еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повремено во јужните делови ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 32 степени.

Во наредните денови, како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, продолжува периодот на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер.

Во вторник во попладневните часови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен благ пораст.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втор ден Христово Воскресение во црквата Св.Кирил и Методиј во Дортмунд

Редакција

Доктор Софијанова: Тахикардии, анемии, онесвестување, главоболки се дел од пост-ковид симптомите кај околу 200 деца

Редакција

(Видео) Малолетници се борат како гладијатори, возрасните ги гледаат, а институциите ништо не преземаат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница