еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Удавениот маж во Дојранско Езеро, по кој се уште се трага, е штипјанец на 42-годишна возраст

Мажот кој се удави околу 11:30 часот во водите на Дојранското Езеро, непосредно пред Градската плажа, е жител на Штип на возраст од 42 години.

Ова се првични информации од МВР, од каде информираат дека денеска околу 11:30 часот било пријавено во СВР Струмица дека во Дојран едно лице паднало од педалинка во езерото и се удавило, а за настанот бил известен јавен обвинител.

Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива, а засега нема податок дали имал безбедносен елек.

Во информацијата од ЦУК се додава дека местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се трага по давеник во Дојранско Езеро, се превртел со педалинка, а не знаел да плива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку пари чувале граѓаните и фирмите во Комерцијална во првото полугодие

Редакција

Стопанска банка Битола потврди дека се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална

Редакција

(Видео) Г.г. Стефан повика на сенароден собир против законот за родова еднаквост и матична евиденција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница