еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска почнува Богородичниот пост во чест на Христовото Преображение и Успението на Пресвета Богородица

Денеска почнува Богородичниот пост, кој е востановен во чест на Христовото Преображение и Успението на Пресвета Богородица.

Масло се употребува само во сабота и недела. Риба се разрешува само на Преображение.

„Треба да нагласиме дека ова е општо правило на Црквата , а на секој му се одредува неговото лично правило со согласност и благослов на духовниот Отец.

Но никој да не мисли дека може самоволно да се разрешува од пост по своја волја, како што има многу случаи сами да се разрешуваат од постот, како, мирјаните наговараат со зборовите: „Јади кога јас сум разрешил” или, пак, сами без причина се разрешуваат од пост.

Тоа што го одредила Црквата е царски и духовен пат кој води во вечен живот. Оние кои сакаат да постат нека внимаваат да не се натоварат со поголемо бреме од она што Црквата го одредила.

Оние кои никако не постат, нека почнат да постат, ако мислат да се спасат и душата да им влезе во Царството небесно. Но, тие не можат веднаш да го земат целото правило, а потоа, со текот на времето, ќе се трудат, а Господ ќе им помогне да го примат целосното правило, па така по некое време и тие ќе постат уредно,“ пишува Православно секојдневие.

Богородичниот пост завршува на 28 август.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Израел ја почна копнената инвазија на Газа

Редакција

Каков имот пријавила Вјолца Бериша, која ќе биде министерка за земјоделие до изборот на нова влада

Редакција

Акција на МВР и Обвинителство, приведени повеќе лица меѓу кои и поранешен функционер на ДУИ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница