еМагазин
Image default
Бизнис

Во јуни издадени одобренија за градење на 530 станови

Во јуни годинава се издадени 242 одобренија за градење со кои е предвидена изградба на 530 станови со вкупна корисна површина од 44.252 квадратни метри, што е за 12,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градење изнесува 5,107 милијарди денари, што, пак, е за 38,4 отсто повеќе во однос на јуни 2022 година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 115, односно 47,5 отсто се наменети за објекти од високоградба, 66 или 27,3 отсто за објекти од нискоградба и 61, односно 25,2 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 242 објекти, на 117 или 48,3 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 125, односно 51,7 отсто инвеститори се деловни субјекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма: За 5 месеци фирмата на братот на Крсто Мукоски на тендери добила 950 илјади евра

Редакција

Уставен ја укина одлуката за ДУП-от во скопски Карпош со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа

Редакција

АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор склучи договор од над 8 милиони евра со “АК инвест“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница