еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прекршочни за Касами и Ганиу, не ги испочитувале државните симболи при посетата на Курти

Министерството за внатрешни работи, поточно Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје и Тетово до надлежните основни судови, денеска поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против правните лица Општина Чаир и Општина Тетово и градоначалниците Висар Ганиу и Биљал Касами, информираат од МВР.

Како што се наведува во соопштението од МВР, за време на официјалната посета на косовската делегација на земјава, предводена од претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти, при организираниот пречек на 11 август, на улицата „Ферид Мурати“ во Скопје и на Градскиот плоштад во Тетово, не е постапено согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Македонија.

– За време на манифестациите организирани по тој повод, не е интонирана државната химна и не е поставено државното знаме на Република Северна Македонија, со што е сторен прекршок по член 30 од истиот закон, се вели во соопштението.

Од МВР истакнуваат дека продолжуваат со потрага по лицето, „кое на една од манифестациите вееше знаме на “голема Албанија“ и по негово пронаоѓање, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Чаир, Ганиу бил на разговор во полиција, добил две прекршочни казни поврзани со посетата на Курти

(Видео) Касами не само што не се извини и огради, туку си објави и видео на кое се потенцира знамето со карта од „Голема Албанија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Власта крати 140 милиони денари од студентите, велат од Левица

Редакција

Груевски присвоил над 1 милион евра од донациите за ВМРО-ДПМНЕ и си купил плац на Водно, тврди Обвинителството

Редакција

Мицкоски бара формирање на ковид комисија и што поскоро полициски час

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница