еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

42-годишен кавадарчанец подолг период ја силувал својата 7-годишна ќерка

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година, информираат од Јавното обвинителство.

-Постои сомнение дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи што со девојчето живеел во иста семејна заедница, и прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел други полови дејствија, санкционирани во член 188 став 5 од Кривичниот законик.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице, велат од таму.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го усвои предлог-буџетот за 2022 година, во саботата кога беше изборен молк

Редакција

Директорот на РЕК Битола бара извинување од Антовски од ВМРО-ДПМНЕ: Ако има индиции за незаконска работење доказите нека ги даде на институциите

Редакција

(Фото) Хит на социјалните мрежи: И згодни стјуардеси од Албанија се вакцинираа во Белград

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница