еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерката Петровска се уште не добила одговор за иницијативата за споменици на бранителите кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во изјава за Канал 5 телевизија, вели дека очекува одговори од општините во врска со иницијативата за поставување споменици на загинатите бранители кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила, и порача дека од овој настан не сака да прави медиумска атракција, ниту да го користи за популистички цели.

– Ако кој било од градоначалниците сметаат дека иницијативата е неправилно поднесена, се разбира може во писмена форма да одговорат, а јас како министерка добро знам која ќе биде следната фаза за реализацијата на оваа идеја, истакна министерката.

Таа дополни дека ги чека одговорите од надлежните општини, согласно Законот за меморијалните споменици и спомен обележја.

– Не е идејата ниту да се надмудруваме, ниту да создаваме дополнителни конфликти, затоа што, во државата и на централно и на локално ниво граѓаните очекуваат од нас да ги решаваме проблемите за кои сме поставени, а не да креираме нови проблеми, нагласи Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Споменици на бранителите ќе има, градоначалникот на Желино да не мудрува, половина од градбите во општината му се дивоградба, вели Петровска

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странски турист се удави попладнево во Охридско Езеро

Редакција

Државна ревизија: За ублажување на последиците од здравствената и енергетската криза исплатени 183 милиони евра

Редакција

Ученик претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница