еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца македонски војници се затруле од гас во Словенија додека работеле на отстранување на последиците од поплавите

Осум лица, меѓу кои и двајца македонски војници, се затруле со јаглерод моноксид додека црпеле вода од подрум во Домот на култура во Чрна на Корошкем, во Словенија.

Главниот лекар на Армијата на Словенија, Роберт Карота, соопшти дека меѓу затруените се пет припадници на словенечката војска, двајца македонски војници и еден пожарникар.

Инцидентот се случил додека работеле на отстранување на последиците од неодамнешните поплави во Чрна. Вкупно 32 лица биле изложени на гас, меѓу кои 18 припадници на македонската армија, осум пожарникари и шест припадници на словенечката армија. Затруените лица веднаш со хеликоптер биле пренесени во болници во Словен Градец, Марибор, Тополшица и Љубљана, каде што им била укажана соодветна помош.

Според проценките на лекарите, сите затруени се чувствуваат добро и не се во животна опасност. Сепак, превентивно, во болница на понатамошно лекување се задржани пет припадници на словенечката армија, двајца македонски војници и еден пожарникар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските војници во Словенија се во добра здравствена состојба

МИА/Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата бара од сите функционери во своите биографии наместо Македонија да напишат Северна Македонија

Редакција

(Фото) Битолски дилер дома чувал 4 килограми амфетамин, 4.000 екстази и 4 килограми марихуана

Редакција

Само 11% од заболените од Ковид-19 во Македонија завршиле во болница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница