еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Штипската Пастрмајлијада ќе се одржи на 22 и 23 септември, за догодина се најавува нов концепт

Познатата штипска Пастрмајлијада 2023 ќе се одржи на 22 и 23 септември, на истото место како и лани, крстосницата „Дујле“.

Ќе настапат Саша Ковачевиќ, Даниела Мартиновиќ, Амадеус бенд, а од македонските изведувачи Пајак и Лара и Љубојна.

Општина Штип најави дека ова е последна година Пастрмајлијадата да се одржи со ваков концепт, и за догодина најавија новини во организацијата.

За овогодинешното издание на штипската Пастрамалијда се издвоени 2,5 милиони денари пари од општинскиот буџет и од спонзори.

Традиционално, и за годинава е предвидено сечењето на џиновска пастрамајлија и натпревар во брзо јадење.

Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 19 случаи на Ковид-19 од 2.456 тестирања, активни 1.057

Редакција

Нов механизам преку кој СДСМ ќе дејствува како опозиција, најави Деспотовски при поднесување на кандидатурата

Редакција

Бројот на загинати од земјотресите во Турција се зголеми на 48.448, од кои 6.660 се странски државјани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница