еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Тешко повреден полициски службеник откако бил нападнат од 13 лица во струмичко

Полицијата од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера ги лишила од слобода С.С. (43), Д.Ј. (33), П.С. (40), И.Г. (26), И.В. (41), Т.С. (37), Р.С. (52), А.С. (43), В.К. (39), Т.В. (21), Ж.М. (33) и уште едно малолетно лице, сите од село Баница, и М.Ѓ. (23) од струмичкото село Градско Балдовци..

Тие се сомничат дека завчера во 23 часот во село Баница насилнно запреле цивилно полициско возило „шкода“, управувано од полициски сужбеник од СВР Струмица, кој во моментот извршувал службени задачи.

-Најнапред со дрвени, бетонски и метални предмети удирале по возилото, а потоа физички го нападнале полицискиот службеник со повеќе предмети.

Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

Лицата биле задржани во полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, соопшти МВР.

Поднесена е кривична пријава против 12 лица од Баница и против едно лице од Градско Балдовци, осомничени за кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 став 3 од Кривичниот закон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немал претходни заболувања и контакт со потврден случај на Ковид-19, детали за починатиот пациент од Тетово

Редакција

Како работел Мермерен комбинат во првиот квартал

Редакција

Пронајден и уапсен возачот кој на пешачки премин усмрти 11-годишно девојче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница