еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Црногорската полиција демантира дека во дискотека бил нападнат црногорскиот премиер Абазовиќ

Црногорската полиција демантира дека синоќа во дискотека во Будва бил нападнат црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ.

Како што јавуваат локалните медиуми, според полицијата, во моментот кога Абазовиќ ја напуштал дискотеката Топ Хил синоќа во 2 часот и 30 минути, дошло до физички конфликт меѓу две групи млади момчиња, но тоа немало никаква врска со премиерот и неговото обезбедување, ниту пак во некој момент тој бил во опасност.

Како што велат од полицијата за РТЦГ, не е точно дека премиерот бил евакуиран и во моментот на инцидентот тој веќе излегувал од дискотеката.

„Инцидентот нема никаква врска со премиерот, ниту е загрозена неговата безбедност на кој било начин.

Солзавец беше употребен за да се потисне конфликт меѓу две групи млади мажи, но тоа нема никаква врска со премиерот, неговите движења или неговите обезбедувачи“, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во дискотека нападнат црногорскиот премиер Абазовиќ, бил евакуиран со солзавец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Се ожени министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски

Редакција

Тројца пратеници од мнозинството позитивни на Ковид-19, Собранието без кворум

Редакција

Министерството за здравство распиша тендер за набавка на кондоми, лубриканти и ХИВ-тестови проценет на 42.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница