еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната плата во јуни 36.527 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни годинава изнесува 36.527 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 14,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни изнесува 54.720 денари.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Градежништво (19,6 проценти), Информации и комуникации (17,9 проценти) и Образование (17,5 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли (6,3 проценти), Рударство и вадење на камен (5,7 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,2 проценти).

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема да има покачување на платите за 30% во Министерството за финансии

Редакција

Над 200 инспекции за пушење во затворени објeкти, 56 казни

Редакција

Андов, Ѓорчева и Димов реизбрани за членови на УО на Македонија осигурување – Виена иншуренс груп

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница