еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставните измени тема на разговор меѓу Ковачевски и Фон дер Лајен во Атина

Најновиот развој на настаните во контекст на отпочнувањето на процесот на уставни измени, за кои земјата ја има поддршката на ЕУ со цел продолжување на процесот на европска интеграција, била тема на разговор на денешната средба во Атина меѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, информираа од Владата.

На средбата, што се одржа во рамките на посетата на Атина, по повод 20-годишнината од „Декларацијата од Солун“ на Самитот ЕУ-Западен Балкан, била истакната важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата.

Премиерот Ковачевски и претседателката на европската комисија Фон дер Лејен размениле мислења за текот на скрининг процесот и очекуваното отворање на првите кластери од преговорите.

Двајцата соговорници се осврнале на придобивките за земјите од Западен Балкан од новиот план за раст на Фон дер Лејен, како што се приближувањето до единствениот пазар на ЕУ и продлабочувањето на регионалната економска интеграција, кои се исклучително важни за секоја од земјите.

Клучно за земјите од Западен Балкан е да се забрзаат фундаменталните реформи, за што ЕУ ќе ги зголеми претпристапните средства за земјите од регионот, велат од Владата.

Говорејќи за предностите на членството во ЕУ, уште еднаш било потенцирано дека е од клучна важност да не се пропушти оваа шанса за членство на Македонија во Унијата.

На средбата се разговарало и за состојбите и перспективите на земјите во регионот на Западен Балкан, чија евроинтеграција има геостратешка и безбедносна важност за цела Европа.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неготино бара да воведе полициски час за да го спречи ширењето на Ковид-19

Редакција

ДИК: До 13 часот гласале 284.942 гласачи, излезноста е 20,45 проценти

Редакција

Евроамбасадорот Гир: Фон Дер Лајен направи лапсус кога рече „северномакедонскиот народ“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница