еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Истрагата потврдила дека Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија

Шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин е меѓу жртвите во авионската несреќа во Русија, потврди денеска генетското вештачење спроведено од руските истражни органи.

На крајот од „генетското вештачење“ било утврдено дека идентитетот на десетте жртви чии тела биле пронајдени по урнувањето на авионот „одговараат на списокот“ на патниците и членовите на екипажот на авионот, меѓу кои бил и Пригожин, се наведува во соопштението на Истражната комисија.

Истражителите на 25 август објавија дека ги пронашле и црните кутии со податоци за летот на авионот што се урна на 23 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Евгениј Пригожин, лидерот на руската платеничка група „Вагнер“ кој загина во авионска несреќа

МИА/Фото: Телеграм/Пригожин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора од утре ги отвора границите за македонските граѓани, најверојатно со негативен ПЦР тест

Редакција

(Видео) Украинците протестираат во окупираните места, Русите почнаа да го малтретираат локалното население

Редакција

(Фото) Некултурни туристи делови од Охрид претвораат во мини-депонии

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница