еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Од почетокот на инвазијата на Украина, Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани, оценува „Економист“

Списанието „Економист“ објави проценка дека од почетокот на руската инвазија врз Украина досега Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани.

Како објаснува списанието, првиот егзодус се случил на почетокот на војната, кога околу 300.000 Руси ја напуштиле земјата во првите неколку месеци од инвазијата врз Украина.⁠

Вториот бран почнал во септември кога претседателот Владимир Путин најави „делумна мобилизација“ , а очајните млади момчиња „побрзаа“ на граничните премини за да го избегнат регрутирањето.

Тешко е да се утврди прецизната скала на емиграцијата предизвикана од војната, а Кремљ, што не е изненадување, не објавува податоци за тоа.

Според анализата на Економист, која се повикува на организацијата Мрежа за анализа и политика, проценките наведуваат дека од февруари 2022 година Русија ја напуштиле меѓу 817.000 и 922.000 нејзини граѓани.

Ова е најголемиот поединечен егзодус предизвикан од политички пресврти од 1920 година досега.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД се ангажира да нема нови брања од Бугарија, изјави Ескобар

Редакција

Португалскиот министер Силва: Цел ни е Скопје и Тирана да ги почнат преговорите за време на португалското претседателство со ЕУ

Редакција

МВР купува гориво со ваучери за 27,7 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница