еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

По шест квартали дефицит, ЕУ оствари трговски суфицит од една милијарда евра

По шест последователни квартали на дефицит, трговскиот биланс на ЕУ во второто тримесечје од оваа година бележи суфицит од една милијарда евра, пред се благодарение на падот на цените на енергенсите, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат.

Според податоците на Евростат, извозот од ЕУ во вториот овогодишен квартал се намалил за два отсто, а увозот за 3,5 проценти, што резултири со остварениот суфицит. Во вториот квратал лани ЕУ заебележа дефицит во трговската размена од 155 милијарди евра, што претставуваше највисоко ниво на дефицит од 2019 година.

Како што јави специјалниот исвестувач на МИА од Брисел, намалувањето на обемот на увозот во вториот квартал од 2023 година се должи на намалувањето со цените на енергенсите за 15,6 отсто и на суровините за 10,9 проценти споредено со првото тримесечје од годинава.

Во делот на извозот, најголемо намалување има во секторот енергија за 22,5 отсто и во сферата на суровините од 9,3 проценти. Инаку, пад на извозот во периодот април – јуни 2023 година се бележи во сите сектори во ЕУ, освен во секторот машини и возила, каде е остварен раст од 2,5 отсто.

Во овој сектор трговската размена се зголеми трет квартал по ред и достигна 52,4 милијарди евра, што сепак се уште е далеку од рекордната вредност од 60,7 милијарди евра остварена во првото тримесечје во 2019 година.

Гледано по сектори, во вториот овогодишен квартал најголем трговски суфицит ЕУ оствари во секторите хемикалии од 48,5 милијарди евра и храна, пијалоци и тутун од 15,6 милијарди. Во секторот енергија пак се бележи намалување на дефицитот од 115,3 милијарди евра во првиот на 100,0 милијарди евра во вториот квартал од годината.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фабрика „Карпош“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на бул. „Босна и Херцеговина“ вреден 149 милиони денари

Редакција

Мапа: Во половина македонски градови има заболени од корона вирусот

Редакција

Чешка и Словачка: Неприфатливо е Македонија да ја поправи наводната погрешна интерпретација на историјата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница