еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

17-годишна девојка почина откако беше прегазена на булеварот Борис Трајковски во Скопје

17-годишна девојка почина откако пред неколку дена беше прегазена на булеварот “Борис Трајковски“ кај Пинтија во Скопје.

Несреќата се случи на 30. август во 22:30 часот. Возач со автомобил алфа ромео ја удрил и избегал од местото на настанот. По несреќата девојката беше префрлена на скопските клиники.

-На 30.08.2023 околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото.

Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот, информираа од МВР.

Медиумите објавија дека се осомничени двајца браќа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 141 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Струмица

Редакција

(Фото) Нов бугарски клуб во Битола

Редакција

„Телесмарт Телеком“ го доби тендерот на Агенцијата за вработување за телекомуникациски услуги „тежок“ 374.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница