еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Царината заплени минибус со албански таблици во кој е откриен бункер за криење стока

Царинската управа на граничниот премин Табановце одзеде минибус со албански регистарски таблички во кој се откриени специјални бункери наменети за криење стока.

Како што информираат од Царинската управа, случајот е откриен на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински инспектори од мобилниот тим од Секторот за контрола и истраги, кои ја извршија контролата на минибусот.

По поднесена пријава до надлежниот суд, донесена е одлука за одземање на возилото, а изречена е и глоба за возачот на возилото заради прекршување на член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон.

-Специјални бункери во вентилацискиот систем на минибус со албански регистарски таблички направени со цел криење стока се откриени по контрола на возилото во кое се вршело вонреден превоз на патници на релација Тирана – Брисел. Притоа специјално направените бункери наменети за криење стока, во обид да се прикријат, биле покриени со тапацир, соопшти Царинската управа.

Ова, како што велат, е втор случај во една недела на заплена на возило специјално конструирано, адаптирано и прилагодено со цел криење стока.

Фото/видео: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема снимка од бегството на Груби преку „Блаце“, камерите снемале батерии, на граница бил заведен како „пешак“

Редакција

Димитров бара разрешување на Мизрахи: Грција упати вербална нота поради смената на таблата со името

Редакција

(Видео) Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо живот, Владата донесе пекол во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница