еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ново поскапување на дел од горивата

Бензинот Еуросупер БС – 98 од ноќеска на полноќ поскапува за два денар за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 92,5 денари за литар. Еуросупер БС – 95 и понатаму ќе се продава за 90 денари за литар, Еуродизел БС (Д-Е V) за 86, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 85 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 47,304 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,06 отсто, кај дизелот за 1,541, кај екстра лесното масло за 1,405 и кај мазутот за 0,656 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, е повисок за 0,023 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изборен молк, гласаат затворениците и немоќните лица

Редакција

Прекини на услугите на Македонски Телеком поради оштетени кабли при градежни работи

Редакција

„Дебарски бањи-Цапа“ со загуба од 28,9 милиони денари за шест месеци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница