еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

ОН: Повеќе од 700 милиони луѓе во светот не знаат кога повторно ќе јадат

Глобалната криза со глад остави повеќе од 700 милиони луѓе несигурни кога или дали повторно ќе јадат, а побарувачката за храна незапирливо расте како што пресушуваат хуманитарните фондови, изјави извршната директорка на Светската програма за храна (WFP), Синди Мекејн.

На седница на Советот за безбедност на ОН, Мекејн рече дека поради недостиг на финансии, агенцијата била принудена да ги намали оброците на храна за милиони луѓе и оти „следуваат уште повеќе кратења“.

– Сега живееме со серија симултани и долгорочни кризи кои ќе продолжат да ги поттикнуваат глобалните хуманитарни потреби, рече таа.

– Ова е новата реалност на хуманитарната заедница – нашата нова нормалност – и ќе се занимаваме во годините што доаѓаат, нагласи Мекејн.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Нови бајки од Македонија по повод десетгодишнината од Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“

Редакција

Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка од премиер на Косово

Редакција

МИА анализира: Каков е распоредот на силите во грчкиот Парламент пред ратификацијата на Договорот од Преспа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница