еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

20-годишно момче од Облешево почина во сообраќајка на локалниот пат кон селото Бања

Дваесетгодишно момче од Облешево утрово почина како последица од тешките телесни повреди здобиени во сообраќајна несреќа на локалниот пат кон селото Бања.

Обидот да му биде укажана медицинска помош бил неуспешен, а лекарите во Општата болница во Кочани ја констатирале смртта.

-Утрово околу 5:48 часот во Полициската станица во Кочани е пријавено дека 20-годишниот А.М. од Облешево, управувајќи патничко возило „поло“ со штипски регистарски ознаки, излетал од коловозот на локалниот патен правец Облешево – Бања.

Тој бил пренесен во болницата во Кочани каде починал од здобиените повреди, истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Во возилото немало сопатници, а екипа на Одделението за внатрешни работи од Кочани направила увид на местото на несреќата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 368 оздравени од Ковид-19

Редакција

„Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан“ се јавиле на тендерот за субвенции за нови летови

Редакција

Прво Бугарите во Уставот, па меѓувладина конференција: Петков откри детали од преговорите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница