еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски бара доказ од Мицкоски дека е во комуникација со Владата и дека го дели ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски бара доказ од актуелниот претседател на партијата, Христијан Мицкоски дека е во комуникација со актуелната Влада и дека го дели ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата на Груевски следи откако Мицкоски за германски весник изјави дека Груевски е во тајна комуникација со Владата и дека работи на поделба на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски е во тајна комуникација со Владата, тврди Мицкоски за германскиот весник ФАЦ

-Во врска со изјавата на Христијан Мицкоски за германскиот медиум ФАЦ, а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања: Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум, доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валканата игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата.

Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка, пишува Груевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не сум учествувал на никакви тајни средби: Груевски го демантира Ахмети

Груевски го демантира Пендаровски: Од никого не сум побарал да бара амнестија за мене

Заев, Груевски и Ахмети имале тајни средби за измените на Кривичниот законик, тврди лидерот на ДУИ

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на цивили од Авганистан кои привремено ќе ги прифати Македонија порасна на 386

Редакција

Штипската Клиничка болница го адаптира Кожното одделение за прием на пациенти со Ковид-19

Редакција

БРАВО: Конфекцијата „Кули“ од Прилеп нуди бесплатна изработка на медицински маски за заштита

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница