еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ако пратката со пиперките од Хрватска биде вратена во земјава, ќе се издаде налог за нејзино уништување, велат од АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека вчера, преку апликацијата RASFF Window од Системот за предупредување за небезбедна храна на Европската унија (RASFF) добила нотификација за небезбеден производ од категоријата овошје и зеленчук извезен од нашава земја – свежи пиперки наменети за пазарот во Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Хрватска кај пиперки увезени од Македонија откриен токсичен пестицид

При спроведената гранична контрола, земениот примерок за лабораториска анализа покажал отстапување во однос на присуство на резидуи од пестициди. Добиениот резултат покажал присуство на остатоци од пестицидот форметанат и вредност која претставува сериозен ризик по здравјето на луѓето.

Од страна на хрватските власти забранет е увоз на спорниот производ.

Доколку пратката со небезбедните производи биде вратена во земјава, АХВ ќе издаде налог за нејзино нештетно уништување кое ќе се реализира под надзор на инспекциските служби на Агенцијата.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали е самоубиство: Македонската инфлуенсерка Јанеска била пронајдена со прострелна рана во главата

Редакција

(Видео) Објавувачот на новите аудио „бомби“ за ДУИ го покажа ликот

Редакција

Нови 141 случаи на Ковид-19 од 2.006 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница