еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинение за медицинската сестра од Онкологија која крадела цитостатици, таа е недостапна за органите на прогонот

Јавното обвинителство поднесе обвинение за „проневера“ против медицинската сестра од Клиниката за онкологија која крадела цитостатици. Осомничената не е достапна за органите на прогонот.

– Јавното обвинителство против неа поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – „проневера“ во службата од член 354 од Кривичниот законик.

Во текот на претходната постапка, Обвинителството обезбеди докази дека обвинетата, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, присвоила поголем број ампули со различна намена во вкупна вредност од 59.760 денари кои ѝ биле доверени во службата. Ампулите ги изнесувала од работното место, а потоа ги оставала во автомобил со намера да ги предаде на друго лице, појаснуваат од Обвинителството за МИА.

Медицинскиот директор на Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија, Виолета Клисаровска на почетокот од месецов информираше дека медицинската сестра била фатена во повторен обид за кражба и дека е отстранета од работа.

На новинарско прашање какви овластувања имала сега отпуштената, директорката одговори дека станувало збор за медицинска сестра во дневната болница и не била директно поврзана со припрема на лековите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите сте знаеле за криминалот на Онкологија, а ништо не сте направиле, замолчете!

Сестрата која била фатена со украдена терапија, добила отказ од Онкологија во мај

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство со предистражна постапка за тоа кој му помогнал на Груевски во бегството

Редакција

Галичка свадба 2021: Автентичната традиција продолжува по пауза од една година

Редакција

До Уставен досега немало иницијатива за дерегистирање на партијата “Десна“ на Палевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница