еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Изгореа 1.000 прагови на пругата Скопје-Битола, сoобраќајот во прекин

Интензивно се работи на промена на изгорените околу 1.000 прагови на пругата Скопје- Прилеп.

Екипите на македонски железници ги менуваат уништените прагови од двата пожари во саботата во реоните на прилепските села Слепче и Тројкрсти. Ова е досега најголемо уништување на пругата со изгорените прагови. Штетите се огромни. На пругата каде се работи, на потегот меѓу селата Гостиражни и Слепче сѐ уште тлее и чади.

„Од овие пожари се изгорени околу 1.000 прагови на железничката пруга. Нашите екипи интензивно работат на промена на овие прагови, со сопствени средства и се очекува во најкраток можен рок да бидат променети и сообраќајот да биде нормализиран.

Моментално, сообраќајот помеѓу Скопје и Битола е во прекин се до завршувањето на работите. Се работи интензивно и се очекува праговите да бидат заменети до крајот на неделава, но се прават максимални напори да бидат заменети до петок,“ изјави Никола Марков, помошник директор за сообраќај во ЈП македонски железници-инфраструктура.

Се случувало да изгорат прагови на пругата, но толкаво големо количество никогаш и штетите се огромни. Праговите се со децении.

„Ова досега е најголемо оштетување на пругата на изгорени прагови. Штетата сега конкретно не може да кажеме колкава е. Тоа се импрегнирани прагови и се скапи, а земајќи го предвид и застојот на сообраќајот, има загуби и од превоз на патници, а се ангажира и работна сила, така што загубата е огромна,“ рече Марков.

Од прилепската противпожарна единица информираат дека повторно е запален пожарот кај селото Слепче накај пругата. Има и повеќе активни пожари. Месецов, од 130 интервенции на отворено, околу 80 се во Долненско.

„Многу се пожари во Долненскиот регион. Ова е тешка ситуација. Постојано сме на терен. Моментално таму имаме 10 интервенции на отворен простор,“ вели Кристијан Момироски, командир на прилепската противпожарна единица.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Речиси две третини од здравствените установи во Газа запреа со работа, убиени 65 медицински лица

Редакција

Од денеска до 30. април, парно во Скопје треба да има ако температурата е 12 степени

Редакција

Граѓаните и фирмите чуваат над милијарда евра во НЛБ Банка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница