еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Новиот лидер на СИРИЗА, Стефанос Каселакис ќе оди во војска

Новиот лидер на СИРИЗА, Стефанос Каселакис, кој е главна тема во Грција, ќе мора да отслужи воен рок, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Бидејќи до сега живееше во САД, тој не ја остварил оваа законска обврска, која секој Грк треба да ја исполни до 45-годишна возраст.

Каселакис има 35 години и како што јавуваат грчките медиуми веќе ја почнал процедурата за служење воен рок и дека е возбуден поради тоа, а неофицијално ќе ја почне во ноември.

Тој најверојатно ќе служи 20 дена од воениот рок, а остатокот ќе го исплати, опција која ја овозможува законот.

За секој месец од предвидениот воен рок ќе треба да плаќа по 810 евра.

Воениот рок трае од девет до 12 месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стефанос Каселакис, новиот лидер на СИРИЗА

(Видео) Грчките медиуми „опседнати“ со Стефанос Каселакис, можниот нов претседател на СИРИЗА

Фото: Каселакис/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Укинато ограничувањето за бројот на лица на иста маса за кафулињата и рестораните

Редакција

(Аудио) Две нови „бомби“ со Заев: „Сам го финансирам СДСМ, Бранко нема никакво влијание“

Редакција

Советот на ЕУ даде зелено светло за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница