еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат, уверува Бектеши

„Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има.

Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5%“, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија, Крешник Бектеши.

Во врска со Одлуката на Министерството за финансии за повластена даночна стапка на одредени прехранбени производи, министерот Бектеши напиша дека доколку има грешка во листата таа ќе се коригира.

„Доколку во случај има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата,“ напиша министерот Бектеши и ги повика граѓаните да бидат спокојни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поскапува речиси целата храна, а не само луксузните производи како што најави Влада

Уште на следната владина седница може да се ревидира одлуката за зголемување на ДДВ-то за десетина прехранбени производи, вели Битиќи

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кој е осомничениот за убиството на Орхан Бајрам – Оки

Редакција

Цената на горивата ќе се намали до 11,5 денари, со одлуката на Владата за намалени акцизи и ДДВ

Редакција

Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница