еМагазин
Image default
Македонија

Брза помош во Кривичен на судењето за насилството во Собрание, му се слоши на обвинетиот Мунир Пепиќ

Пред сослушувањето на третиот сведок Курто Дудуш, судењето за настаните на 27. април минатата година во Собрание на РМ беше прекинато, бидејќи му се слоши на обвинетиот Мунир Пепиќ.

Судијката Добрила Кацарска даде пауза од половина час, а интервенираше и итна медицинска помош.

Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

МИА/Фото: Кривичен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 3 лица во штипскиот Ковид центар, 39 се борат за здив

Редакција

(ВИДЕО) Заев откри злоупотреби: Лекари издавале фиктивни рецепти, а со лековите се тргувало

Редакција

Министерот Едмонд Адеми одликуван со титулата ”Витез на редот на Скендербег”

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница