еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Техеран предупредува за напади врз Иран, поради наводна поврзаност со Хамас

Иран денеска предупреди за каков било обид за напад на негова територија по нападот на Хамас против Израел во текот на викендот.

„Треба да знаете дека секоја идиотска акција против Иран ќе наиде на разорен одговор“, изјави во Техеран, портпаролот на Министерството за надворешни работи Насер Канани.

Тој одговараше во врска со шпекулациите во странските медиуми околу можната поддршка на Иран на операциите на Хамас и последователните можни контрамерки против неговата земја.

Во вчерашното соопштение, иранската мисија на ОН во Њујорк отфрли каква било вмешаност на Иран во нападот врз Израел. Во исто време, претставниците на Иран ги опишаа акциите на исламистичкиот Хамас како „легитимна одбрана од (израелската) окупација“.

Воениот советник на иранскиот верски водач ајатолахот Али Хамнеи, Рахим Зафави, исто така рече: „Ние ја поддржуваме оваа операција и сигурни сме дека фронтот на отпорот исто така ја поддржува оваа кауза“.

Израел е прогласен за главен непријател на Иран од Исламската револуција во 1979 година. Од 1990-тите, Техеран ги прошири своите политички и воени врски во регионот за да создаде „оска на отпор“ против Израел со поддршка на шиитските милиции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Појасот Газа под целосна блокада, без струја, храна, гориво…

(Видео) Израел буквално го срамнува со земја Појасот Газа по нападот од Хамас

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците предлог за директор на МЕПСО, Бујаре Абази на „Македонска пошта“

Редакција

Европската комисија ги повика Македонија и Грција да го почитуваат Договорот од Преспа

Редакција

Ивор Мицковски за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР: Спорна е партизацијата и кронизмот кои бесрамно ги спроведувате, особено во време на најголема криза

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница