еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Иницијатива до Врховен за „оживување„ на помилувањата на претседателот Иванов

Адвокатот Миле Наумовски од Скопје поднел иницијатива до Врховниот суд во која бара утврдување на начелен став и начелно правно мислење за повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов.

Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување.

Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов донесе одлука за аболиција на повеќе од 50 лица, политичари и нивни блиски соработници осомничени од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), што доведе до масовни протести.

По реакциите во јавноста, во Собранието беа донесени измени на Законот за помилување, со што се отвори простор за повлекување на аболициите. Иванов, потоа соопшти дека донел одлука да ги поништи одлуките за аболиција на 22 лица, меѓу кои има и лица кои досега не со обратиле до неговиот Кабинет со такво барање.

Судот има рок од шест месеци да расправа по однос на Иницијативата. Позитивен начелен став на највисокиот суд би значел потврда на помилувањата што ги даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бебето кое наводно било малтретирано на Детска клиника имало наод на тромбоцитопенија, состојба која предизвикува модринки

Редакција

Снимките кои Милошоски ги достави до Русковска дадени на вештачење

Редакција

Убава вест: Излекувани уште 47 пациенти од коронавирусот, вкупната бројка 992

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница