еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Израел формира влада на национално единство, Нетанјаху најави дека секој член на Хамас е „мртов човек“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека секој член на Хамас е „мртов човек“ по првиот состанок на владата на национално единство формирана вчера, јавува Би-Би-Си.

Премиерот Нетанјаху се согласи да формира влада за време на војната со поранешниот министер за одбрана и лидер на центристичката опозиција Бени Ганц. Тие се согласија да ги остават настрана разликите и политичкото ривалство.

Бени Ганц рече дека сега е „време за војна“ и им порача на израелските граѓани дека новоформираната влада е „обединета“ и подготвена да го „збрише“ Хамас од лицето на земјата.

Лидерот на главната опозиција Јаир Лапид сè уште не се приклучил на воениот кабинет, но Нетанјаху и Ганц во заедничката изјава рекоа дека за него е резервирано место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во судирот меѓу Хамас и Израел досега загинаа речиси 2.500 лица

Американскиот државен секретар Антони Блинкен е на пат за Израел и ќе пристигне денеска за да ја покаже својата „силна поддршка“ за Израел.

Една од темите на неговата агенда ќе бидат американските заложници. Официјални лица велат дека нивниот број е „многу мал“ – и тие сè уште не одлучиле како да се обидат да ги вратат назад. Хамас, наводно, држи до 150 луѓе како заложници, вклучувајќи деца и постари лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сателитски снимки покажуваат колку е уништена Газа по нападите од Израел

Земјите-членки на Арапската лига повикаа вчера на итен прекин на израелските напади врз Појасот Газа.

На вонредниот состанок во Каиро во средата, министрите за надворешни работи на 22-те земји предупредија и на „катастрофалните“ хуманитарни и безбедносни последици од интензивирањето на конфликтот.

Во завршната изјава на состанокот на Арапската лига се вели дека е неопходно заживување на мировниот процес и „отпочнување сериозни преговори меѓу Палестинската ослободителна организација (ПЛО), како единствен легитимен претставник на Палестинците, и Израел, за да се постигне фер и сеопфатен мир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кој лаже: Израел вели дека Хамас обезглавил и бебиња, милитантите демантираат

МИА/Фото: Нетанјаху/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

118 нови случаи на Ковид-19 од 1.245 тестирања, активни 8.096

Редакција

Кривична пријава и притвор за возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа кај обиколницата

Редакција

Кои министерства ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а кои „Вреди„ и ЗНАМ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница