еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филиповиќ и Поцеста нови медицински директори на клиниките за дерматовенерологија и кардиологија

Министерот за здравство Фатмир Меџити го назначил д-р Дејан Филиповиќ за нов  в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за дерматовенерологија и д-р Беким Поцеста за нов медицински в.д. директор на Универзитетската клиника за кардиологија.

Како што соопшти Министерството за здравство, Филиповиќ од 2018 година е вработен на Клиниката како специјалист дерматовенеролог и асистент по дерматовенерологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Во моментот е докторанд на клиничка медицина, во областа дерматовенерологија, на Универзитет „Кирил и Методиј”, членува во Здружението на дерматовенеролози на Македонија и во Европската академија за дерматологија и венерологија.

Новиот медицински в.д. директор на Кардиологија, Поцеста, наведува Министерството во соопштението, е долгогодишен специјалист по кардиологија.

На Клиниката што ќе ја раководи работи од 2005 година, на Одделот за интензивно лекување, како и во службата за електрофизиологија и имплантација на електростимулациски уреди.

Во 2019 година се стекнал со звање примариус, а има искуство и како директор на Кардиологија од јули 2017 до февруари 2018 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инспектори ги „чешлаат“ болниците за околностите под кои одредени пациенти болни од Ковид-19 починале

Редакција

11 прекршувања на полицискиот час, 499 казни за неносење маска

Редакција

Денешниот конвој со хуманитарна помош за Газа не треба да биде последен, порачаа од ОН

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница