еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Објавен проспектот за втората емисија на граѓанска обврзница со каматна стапка од 5%

Министерството за финансии денеска го објави Проспектот за втората емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари.

Граѓаните од денеска до 6 ноември имаат можност да запишат граѓански обврзници за кои и овојпат е понудена каматна стапка од 5 отсто.

Минималниот износ кој граѓаните ќе можат да го вложат во овој иновативен финансиски инструмент e 10.000 денари.

Рокот на достасување е две години и на имателот на обврзницата ќе му донесе вкупен принос од 10 отсто.

На првата аукција на граѓанската обврзница граѓаните пројавија два пати поголем интерес од износот кој беше објавен со Проспектот. И беа запишани граѓански обврзници во износ од 1.448.030.000 денари.

Аукцијата ќе се одржи на 6 и 7 ноември 2023 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје поденесе тужба против „Слобода превоз“ и „Макекспрес“

Редакција

(Видео) Мајстор од БиХ стана хит на Интернет: Откако не му платиле, искрши се што направил

Редакција

Детален список на добитници на ваучери за купување на клими

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница