еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во август 36.390 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава, во август година, изнесува 36.390 денари, што е за 14.2 отсто повеќе во оснос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21.6 %), Образование (17.5 %) и Градежништво (16.5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3.8 %), Административни и помошни услужни дејности (3.3 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна  (2.3 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата во август годинава изнесувала 54.595 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најголемите должници на новата Листа на УЈП, меѓу нив се уште и фирмите кои се поврзуваат со Мијалков

Редакција

Прометот на Македонската берза првото полугодие речиси преполовен

Редакција

Продадени 5.048 тагови и картички за електронска наплата на патарините

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница