еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Советот за безбедност ќе биде свикан до крајот на месецот

До крајот на месецов, според најавите на претседателот на државата, треба да биде свикан Советот за безбедност на кој ќе се разгледа безбедносната состојба во земјава по последните случувања во Израел и војната во Украина.

Претседателот на државата Стево Пендаровски изјави дека поволна околност е тоа што државата е членка на НАТО и дека добива информации од Советот за безбедност на Европската унија.

– Секако дека Советот за безбедност ќе биде свикан, не само за последниот развој на настаните на Блискиот исток. Моите луѓе во Кабинетот правеа напори да ги усогласат агендите на првите луѓе од Владата, бидејќи тие мора да бидат присутни.

Претпоставувам дека до крајот на овој месец ќе имаме седница на која ќе зборуваме и за северот на Косово каде имаме контингент којшто сакаме да го зголемиме по барање на НАТО. На дневен ред ќе биде и Украина и Блискиот исток, рече Пендаровски за емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Сцените од Струга се крајно разочарувачки за мене, барам истрага

Редакција

Министерот Сали до Пановски, Даниловски и Марковски: Не е период за молење, сега е време на засукување ракави

Редакција

(Видео) Лорин по вторпат победи на Евровизија, Шведска по седми пат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница