еМагазин
Забава

(Видео) Теона Јованоска носи освежување на македонската поп сцена

Изминатиов викенд, на 20-ти октомври на Фестивалот за забавни мелодии Макфест во Штип, младата талентирана пејачка со одлични гласовни способности Теона Јованоска го имаше своето деби на македонската музичка сцена, во рамките на првата дебитантска вечер.

Теона настапи со љубовната балада „Јас без тебе“, со која ги освои симпатиите на публиката. Со нејзиниот моќен глас, чиста дикција и едноставност на сцената публиката лесно ја препозна по аплаузот со кој ја поздрави по завршувањето на настапот.

Од своите искусни колеги доби и бројни комплименти дека од нејзиниот настап и глас сѐ се слуша и сѐ се гледа, дека е родена да биде ѕвезда, и да продолжи да вложува во развој на нејзината музичка кариера.

Музиката и текстот се на неповторливата Сара Мејс, која воедно е и нејзина долгогодишна менторка по пеење. Аранжманот е на Иван Петровски, а спотот е во режија е Каролина Ди.

Теона Јованоска е новото музичко лице што носи свежина на македонската поп сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Заврши „Макфест“, македонската забавна музика е збогатена со нови 26 песни

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мараја Кери остана без сестра и мајка во ист ден

Редакција

(Фото) Лила Филиповска полуразголена во најсекси издание досега

Редакција

Утре во Јавна соба настапуваат Fish in Oil, „џез деликатес“ од Белград

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница