еМагазин
Image default
Забава

Изложба на современ накит „Флора вс Фауна“

Во организација на „KAPKA Jewelry“, на 26 септември (среда) со почеток во 20 часот во еден од најстарите музеи во Македонија, Природно – научниот музеј во Скопје ќе биде отворена групна (меѓународна) изложба на современ накит насловена „ФЛОРА вс ФАУНА“.

Петмина извонредни дизајнери ги здружија своите креативни сили и создадоа прекрасни парчиња под заедничко име „Флора вс Фауна“.

Јоана Арделеан од Романија, Симеон Шомов од Бугарија и Јана Ацевска, Биби Клекачкоска и Глигор Кузмановски од Македонија, инспирирани од тематиката за флората и фауната, направија единствени парчиња накит, кои можат да се погледнат во необичните простории на Природно-научниот музеј.

Постановката ќе биде отворена се до 30 септември и посетителите ќе можат да ја погледнат во овој период од 9 до 16 часот.

„Живееме на прекрасна планета. Полна со живот. Токму оваа планета секојдневно не воодушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна растенија и животни, кои се избориле да опстанат овде со нас… Инспирација која не понесе нас петмина и не донесе до овој момент што сакаме да го споделиме со вас“ велат дизајнерите на накит.

Не пропуштајте ја оваа ретка можност за нови уметнички видици!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Водителката Бојана Скендеровски најавува тужба за „1ТВ“ поради модните критики на Сергеј

Редакција

(Видео) Марјана Станојковска го покажа прекрасното тело

Редакција

(Фото) 1.500 маскирани лица учествуваа на големиот Струмички карневал

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница