еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Старецот кој го нападна мечка ќе добие 30.000 денари за преживеаниот страв и храброста

Минче Рамчески (76), кој пред неколку дена го нападна мечка, за преживеаниот страв и храброста доби парична награда од 30.000 денари од страна на Општината Пласница.

Информацијата ја соопшти градоначалникот Алија Јаоски на Фејсбук.

„Општината одлучи на нашиот сограѓанин Минче Рамчески кој се најде во необична и застрашувачка ситуација да му додели финансиска помош од 30.000 денари за претрпен страв и неговата храброст.

Тој ги искористи своите вештини и храброст и се одбрани од напад на мечка.

Со ова, ги повикувам сите наши сограѓани и нашата дијаспора да се приклучат во овој хуманитарен напор и да донираат за поддршка на нашиот граѓанин Минче Рамчески во неговата борба да го надмине овој тежок период.

Ниту еден придонес не е мал, и секоја помош ќе има значаен удел во неговото физичко и емоционално опоравување“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мечка нападна човек кај Македонски Брод, го спасиле ловџии кои случајно биле во близина

Фото: Фејсбук/Јаоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема хуманитарна акција на АПИС: Ќе донираат медицинска опрема во вкупна вредност од 200.000 евра

Редакција

(Галерија) Македонските „тигри“ најспремни во светот во брзо и прецизно пукање

Редакција

Вечерва се отвора Викенд на гордоста, фестивал за квир-култура и уметност

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница