еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Галерија) Се реновира хотелот Молика на Пелистер

АД ЕСМ почна со реновирање на хотелот Молика на Пелистер, инвестиција со која ќе се обноват дограмата, купатилата, собите, а ќе има и нови водоводни цевки, нов одвод и нов дрвен под.

Набавени се нови душеци, нови телевизори и нови мини барови, информира Миле Велјановски, директор на ЕСМ Молика.

-Во тек се активности за реконструкција и на таканаречената летна тераса. Се поставува таванска изолација, а ќе се гради и камин кој во зимските месеци ќе придонесе за уште попријатен амбиент во хотелот. Во лоби барот гарнитурите се веќе сменети.

Паралелно, како што се работи внатре во хотелот, се работи и надвор, на фасадата. Ќе се замени ламперијата и ќе се реконстуира останатата површина од фасадата. Во тек е  постапка за изградба на систем за осветлување на ски патеката Копанки, посочи Велјановски.

Хотелот Молика ќе одбележи 30 години постоење во ново руво, реновиран и реконструиран, потврдија од менаџментот на хотелот.

МИА/Фото: Хотел Молика/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 74.000 евра

Редакција

Пет нови случаи на ХИВ во октомври, едно лице починало

Редакција

Технокомерц ќе дели дивиденда од 50 денари бруто по акција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница