еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Реновираниот интензивен оддел на неврохирургија со зголемен капацитет од 30 проценти

Денеска на Универзитетската Клиника за неврохирургија се отвори новиот реновиран оддел за интензивно лекување. По фазата на реновирање на овој оддел, капацитетот за интензивна нега е зголемен за 30%.

Опремен е со најсовремени технолошки апарати, модернизиран согласно највисоките стандарди во здравството, а за потенцирање е фактот што се обезбедени болнички кревети од Германија – најмодерни во моментов и со највисок квалитет.

11-те нови болнички кревети за оваа интензивна нега ќе резултираат со поголем број на прием на пациенти за нивен третман и реанимација. Дополнително, инсталиран е систем за вентилација и климатизација што ќе значи многу во рехабилитација на пациентите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) Нова „тура“ снимки за „Рекет“: „Куферот со пари не е кај Заев“

Редакција

Од утре без маски на отворено, свадби до 100 гости, но полицискиот час продолжува до 15 јуни

Редакција

Jавната и државната администрација ќе го одработува 2. јануари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница