еМагазин
Бизнис

Аутомакедонија со зголемена добивка

Аутомакедонија АД Скопје во периодот од 01.01.2023 – 30.09.2023 оствари нето добивка во износ од 16,8 милиони денари, која е повисока за 10% во однос на истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Зголемувањето на нето добивката во 2023 година се должи на зголемени оперативни приходи за 17%, а од друга страна исто ниво на трошоци за оперативно работење во однос на 2022 година.

Горенаведеното резултира во оперативна добивка од 12,7 милиони денари, што претставува износ кој е дуплиран во однос на истиот период 2022 година.

Финансиските расходи се зголемени за 59%, што резултира со добивка пред оданочување од 16,84 милиони денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аутомакедонија со зголемена добивка во првото полугодие

Игор Илиевски купи акции во Аутомакедонија

Кастриот Арифи на местото на Филип Мојсовски во Управниот одбор на Аутомакедонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Атлас плус“ стана генерален агент за продажба на авиобилетите на „Нордвинд“ за македонскиот пазар

Редакција

Во првите три квартали од 2021 добивката на „Макпетрол“ е 20 милиони евра

Редакција

Поради доцнење на државната помош, над 3.500 штипски текстилни работници од денеска на колективен одмор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница