еМагазин
Локално

Несекојдневен случај: Германка во Свети Николе со 14-годишниот син сакале да ограбат менувачница

Надворешната канцеларија за Криминалистички работи Свети Николе до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Ц.Х.(45) од Р.Германија и известување против нејзиниот 14 годишен син поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“ казниво по чл.237 ст.1 вв.чл.19 и чл.22 од Кривичниот законик на Република Македонија, информира МВР.

На 20.09.2018 година во 07,20 часот во Свети Николе со намера да се стекнат со противправна имотна корист, пријавената заедно со нејзиниот син влегле во менувачницата во Свети Николе и откако размениле пари сакале да влезат во просторот позади шалтерот, но биле спречени од вработената (сопственичка) К.А. на менувачницата, по што пријавениот малолетник со спреј ја испрскал неа и нејзината ќерка, по што ја турнале на подот и ја влечеле и удирале. Пријавените биле лишени од слобода и приведени во Полициска станица Свети Николе. Од страна на судија на претходна постапка на Ц.Х. одредена и била мерка притвор во траење од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Охрид во новогодишна атмосфера

Редакција

Скопските градоначалници најавија кривична за Арсовска доколку не се реши состојбата со комуналната хигиена

Редакција

Двајца во притвор, еден во затвор, еден во бегство за пукањето во Чаир

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница