еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Семејството од Газа пристигна во Македонија, се очекува евакуација и на брачниот пар

Семејството Скаик, после подолго време безбедно е евакуирано од Појасот Газа, а од денеска е на сигурно во земјава, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Евакуацијата од Газа претставува посебен дипломатски и пред сѐ конзуларен предизвик, имајќи ја предвид сложената безбедносна состојба во тој регион.

Посебно сакам да оддадам признание на дипломатите во нашите амбасади во Каиро и Тел Авив, кои беа во постојан контакт и со семејството и со властите во Египет и Израел.

Благодарност сакам да изразам и за Меѓународната организација за миграции (IOM), која помогна при нивниот трансфер во Скопје, како и Министерството за труд и социјална политика, односно Центарот за социјална работа во Скопје, за организација на сместувањето.

Сите напори сега се фокусирани на извлекување на уште двајца наши државјани, брачен пар, чија евакуација ја очекувам наскоро,“ информира Османи.

Фото: МНР/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопски пазар“ втор ден ја „тресе“ берзата: Продадени акции за 844.000 евра

Редакција

Поради Ковид-19 низ Македонија хоспитализирани 105 заболени

Редакција

Во ливада кај Крива Паланка пронајден дел од човечки труп

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница