еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Демократско движење, Беса и Алтернатива заедно на избори, формираа коалиција „Европски сојуз за промени“

Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива формираа коалиција на опозицискиот албански фронт „Европски сојуз за промени“, со која заедно ќе настапат на престојните парламентарни избори.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши изјави дека оваа здружена албанска коалиција ќе се бори против корупцијата и „останува цврсто на своите заложби за брза интеграција на Македонија во Европската Унија.“

„Крајно време е да се тргне навредливата формулација „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со албански јазик,“ изјави Гаши.

Лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, очекува Европскиот сојуз за промена да окрупнува дополнително.

„Вратата е отворена за сите слободоумни индивидуи, луѓе со интегритет, невладини организации, но и политичари и партии кои се подготвени со нас да ги споделат идеолошките вредности и програмски приоритети на кои почива оваа коалиција,“ рече Меџити.

Фото: Фејсбук/Меџити

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со испитување на вештак, денеска продолжува судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Прилепчанка се заканувала дека ќе запали угостителски објект

Редакција

Најмногу заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители во Македонија има во Штип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница