еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ОКТА со поддршка на кампањата „Помислете на нас“ на Црвениот крст на Град Скопје

ОКТА АД Скопје со донација на пакети храна наменети за ранливите категории граѓани и годинава се вклучи во кампањата по повод Денот на гладта, која што под мотото „Помислете на нас“ ја организира Црвениот Крст на Град Скопје, информираат од таму.

Како општествено одговорна компанија, ОКТА во континуитет иницира проекти за поддршка на ранливите категории граѓани и на тој начин придонесува во општеството, потенцираат од таму.

Во таа насока компанијата повеќе од 15 години активно соработува со хуманитарната организација Црвен крст на град Скопје и редовно е дел од оваа кампања. Овој пат, покрај донацијата на 75 пакети храна, во чија подготовка помогнаа вработените во компанијата, организацијата на Црвениот крст при ОКТА, која што постои 41 година,  ја организираше и третата годишна крводарителска акција. Вработените даруваа крв во просториите на компанијата, со што дополнително придонесоа кон потикнување и промовирање на хуманите вредности.

Светскиот ден на храната се обележува од 1979 година, а е воспоставен од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО). Главна цел на ФАО е да се поттикне континуирана интернационална акција за сузбивање на гладта и обезбедување редовен пристап до оброк за сите луѓе кои што на тој начин ќе можат да водат активен и здрав живот,

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сѐ е подготвено за 99 МЕГАСТАРС – ден за музика, ден за награди, ден за незаборавни моменти

Редакција

Роденденски викенд на подароци, попусти, акции и многу забава во Рамстор

Редакција

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница