еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Хрватски министер предизвика сообраќајка во која загина 40-годишен маж, премиерот го разреши

Хрватскиот министерот за одбрана Матеј Баножиќ утрово предизвика сообраќајка во која загина 40-годишен маж, татко на две деца.

Тој е тешко повреден, а сообраќајната несерќа ја предизвикал претекнувајќи камион, по што се судрил со комбе. Во несреќата загина возачот на комбето.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на вонредната прес конференција соопшти дека го разрешил Баножиќ.

Тој информираше и дека го овластил државниот секретар да ги извршува должностите на министерот за одбрана.

-Лицата кои се заштитени лица од втора категорија има правило дека можат сами да возат. Тој го управувал своето лично возило. Одел во приватна ситуација.

Подобро е заштитените лица да ги возат професионалци. Жал ни е за загинатиот господин Шариќ, но жалиме и за господинот Баножиќ, рече хрватскиот премиер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турски театар – Скопје склучи договор со Универзал-Балкан вреден 1,5 милион евра

Редакција

На 29. јуни во Скопје две паради: Едната за подршка на ЛГБТИ заедницата, другата за за поддршка на традицијата, бракот и семејството

Редакција

(Видео) И во Љубљана се пукаше за денот на албанското знаме, Словенците згрозени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница