еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Петрушевски е првиот пратеник кој е осуден за клевета за став искажан од собраниската говорница

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски е првиот пратеник кој е осуден за клевета за став искажан од собраниската говорница.

Според пресудата која ја донесе Основниот суд Куманово, тој на пратеникот од владејачката СДСМ, Мартин Костовски, треба да му исплати околу две илјади евра плус камата за душевна болка предизвикана од навреда.

Судијата Неџат Мемети го осуди без да му го одземе пратеничкиот имунитет, а Петрушевски реагираше на Фејсбук за пресудата, бидејќи неговиот имунитет е заштитен со Уставот, Законот за пратеници и Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.

Според член 16 од Законот за пратеници, пратеникот не може да биде повикан на кривична или друга одговорност или да биде притворен за искажано мислење или гласање на седниците на Собранието или на неговите работни тела.

Во Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, пак има дел во кој се наведени исклучоци од одговорност и во него стои дека: „нема одговорност за навреда, ако: изјавата е дадена во работата на Собранието, на советите на општините и градот Скопје, во управна или судска постапка или пред Народниот правобранител, освен ако тужителот докаже дека е дадена злонамерно“.

Петрушевски најави жалба и ќе бара од Судскиот совет да биде разрешен судијата кој го осуди.

Фото: Фејсбук/Петрушевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еврејската заедница на Македонија го проверува потеклото на куќата во која е сместен бугарскиот клуб во Битола

Редакција

Три медали од „Гран при Кроација“ за каратистите на „Макпетрол“

Редакција

Инфлацијата во февруари 16,7%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница