На денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје, 21-годишното момче кое прегази 10-годишно дете, кое почина, на улицата позната како „Пластичарска“, призна вина.
По прегазувањето, момчето избега од местото на несреќата, а денеска во Судот рече дека го направил тоа поради страв да не биде тепан.
– Многу ми е жал за тоа што го сторив. Се каам за тоа што го направив. Не можам да спијам. Свесно и доброволно признавам, рече тој.
Судијката Марија Клетничка Марковска, која го води случајот, пресудата ќе ја објави на 15. ноември.
Момчето е во куќен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Десетгодишно дете почина откако беше прегазено на „Пластичарска“ во Скопје
Обвинителството бара куќен притвор за возачот кој усмрти десетгодишно дете