еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Државата треба да му плати 6.100 евра на Јанакиески за притворот за „Организација на 27 април“ и „Шпански скали“

Државата треба да му исплати 6.100 евра оштета на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за притворот за случаите „Организација на 27 април“ и „Шпански скали“, стои во пресудата на Европскиот суд за човекови права и слободи.

Според пресудата, на поранешниот министер му биле прекршени правата од членот 5 на Европската конвенција за човекови права.

„Предметот се однесува на две кривични постапки против Јанакиески, првата за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а втората за злоупотреба на службената положба, при што со одлуки на домашните судови тој беше лишен од слобода.

Потпирајќи се на член 5 (право на слобода и безбедност) од Конвенцијата, Јанакиески се жали на наводна незаконитост и самоволие, немање релевантни и доволни причини и недостиг на брзо преиспитување на неговото лишување од слобода.

Утврдена е повреда на член 5 став 3 поради немање доволно причини за лишување од слобода на жалителот и повреда на член 5 став 4 поради недостиг на ‘брзо’ преиспитување на лишувањето од слобода на жалителот“, се вели во пресудата, според која, државата ќе треба да му плати 3.900 евра за нематеријална штета и 2.200 евра за трошоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притворот за Јанакиески за кој државата ќе плати оштета, бил оправдан, имало пропусти во жалбената постапка, велат од Кривичен

Фото: Јанакиески/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Бојан Христовски, директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, кој поднесе оставка

Редакција

Тројца пратеници од мнозинството позитивни на Ковид-19, Собранието без кворум

Редакција

(Фото) МВР распиша меѓународни потерници за Агим Красниќи и Сехат Рамадани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница