еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пунктовите за лични документи во Скопје на 29 и 30. ноември со полно работно време

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои на 29 и 30. ноември имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје, дека пунктовите за издавање на лични документи ќе работат со полно работно време, што значи дека закажаните термини ќе бидат реализирани.

Ова доаѓа по одлуката донесена на седница на Владата според која работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29. ноември (среда) треба да заврши во 12 часот, а 30. ноември (четврток) да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ.

Со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи, службите за граѓански работи ќе работат редовно, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Администрацијата во Скопје нема да работи на 30. ноември, за време на министерски состанок на ОБСЕ

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осомничените за убиството кај „Мавровка“ биле во бегство од затвор

Редакција

(ВИДЕО) Министерот Дамјан Манчевски приватно: Ако не бев политичар ќе бев инжинер

Редакција

Комисијата за заразни болести со препорака до Владата од утре да се воведат тестови за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница